Кјара Тортире – од фармацевтка до модна икона

3 ноември 2017

Покрај Французинките, Италијанките за многумина се највлијателните модни икони, препознатливи по својата самодоверба, убавина и посебност.

Една таква е и Кјара Тортира. Родена е во Бари, каде и ја започнува својата кариера како фармацевт. Но, љубовта кон модата, која била отсекогаш присутна, во еден момент ќе преовлада и Кјара ќе одлучи да го напушти родното место.

Одлуката е да оди во Милано и да се пробие на тамошната модна сцена. Со помош на блогерството и секако вистинските контакти, Тортире денеска работи како стилист во јапонското издание на „Вог“, рамо до рамо со Ана Дел Русо.

Вљубеник е во андрогената естетика. За неа панталоните се омиленото парче во плакарот и ги има во изобилство.

Покрај тоа, препознатлива е и по модните додатоци, односно детали, кои вешто ги имплементира во комбинациите.

Ако го погледнете нејзиниот истаграм профил, ќе забележите доминација на црна, бела, сива... бои, односно нијанси, што можат да бидат и досадни. Но, не и во нејзиниот случај.

Кјара одлично го комбинира она што се смета за „забрането“ – црната и морнарско сината, односно тегет.

Покрај џинсот, оделата, панталоните, на оваа Италијанка одлично ѝ прилегаат и фустаните, во кои добива поженствен и нежен изглед.

Без разлика која естетика или стил ви е поблизок, несомнено е дека таа може да биде вашата инспирација за многу пригоди.

Во продолжение погледнете некои од нејзините стајлинзи и уверете се самите:

фото извор: the-booklet.com; pinterest.com;

 

#pfw by @demarcusallen @pcademartori #PaulaCademartori #PowermartoriSquad

A post shared by Chiara Totire (@chiaratotire) onOct 16, 2017 at 12:35am PDT

 

 

@spacestyleconcept #spacestyleconcept

A post shared by Chiara Totire (@chiaratotire) onSep 23, 2017 at 5:45am PDT

Објавено:
3 ноември 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
597 пати