Ќе биде ли Систин Сталоне следниот голем модел?

4 ноември 2016

Ќерката на Силвестер Сталоне, Систин е сè поприсутна во јавниот живот и модните настани.

Светските медиуми типуваат дека таа ќе биде следниот голем модел и тоа од повеќе причини.

-Има познат татко. Тоа понекогаш знае да биде пречка, но во нејзиниот случај веројатно само предност, бидејќи ќе ѝ ги овозможи најдобрите контакти.

 

-Веќе извесно време ја гледаме на важни настани на црвениот килим. Како и Кендал Џенер и Хејли Болдвин, уште од мала возраст ја усовршуваше својата поза и го правеше пробивот на јавната сцена. За потсетување, сите пишуваа за нејзиното појавување на „Златните глобуси 2016“, во синиот фустан.

 

-Неодамна стана член на агенцијата ИМГ, во која се и Алесандра Амбросио, Бела Хадид, Амбер Валета, Ешли Греам, Џиџи Хадид, Џорџија Меј Џегер, Жизел Бундшен, Џоан Смолс, Карли Клос, Мила Јовович и уште многу други познати модели.

 

-Нејзината мајка, Џенифер Флавин е исто така модел, па љубовта кон оваа професија ѝ се развила од рана возраст. А, нејзина предност е тоа што има од кого да учи.

„Таа ме научи да бидам точна каде и да одам, а особено на сет, како и да бидам расположена за сè, а со цел да ја пренесам визијата на фотографот. Дојди малку порано, а остани малку подоцна и работи највредно што можеш во тој период“, изјави Систин во едно интервју за „Вог“.

 

-„Вог“ не е единственото списание во кое се појавила. Тука се и „Харперс Базар“, „Town&Country“ и други. А веќе е дел од неколку модни кампањи, меѓу кои и за „Експрес“.

 

 

-Се појавува и на филмски премиери. Медиумите пишуваа и за нејзиното појавување на Филмскиот фестивал во Венеција годинава.

 

-Беше во првите редови на последното шоу на „Долче и Габана“, а потоа се најде и на нивната гламурозна, италијанска вечера, заедно со други познати модни лица, меѓу кои Сониа Бен Амар, Хејли Болдвин,  Тилан Блундо.

 

-За време од година дена речиси успеа да собере повеќе од 240.000 следбеници на Инстаграм.

 

-Има само 18 години и совршено ѝ оди комбинирањето на трендовите и дизајнерксите парчиња.

 

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.447 пати