Ќерката на Масимо Савиќ е мултиталентирана и неверојатно стилска!

19 јуни 2018

Во моментов таа е актуелна со виртуелните ликови на Инстаграм профилот @mirninebabuske со кои секојдневно ги засмејува нејзините следбеници, но важи и за една од најдобро облечените Хрватки.

Ќерката на еден од најпопуларните хрватски музичари, Масимо Савиќ, Мирна, е 25 годишна девојка со исклучителен стил која е позната радио и ТВ водителка и студент на Факултетот за политички науки.

Во последно време таа е „зафатена“ со Инстаграм профилот на нејзините „Бабушки“, каде секојдневно објавува комични видеа и раскажува реални ситуации на пресмешен начин преку измислените виртуелни ликови.

Фото: globalnovine.eu

Таа ќе каже дека сите што ја знаат ќе потврдат дека понекогаш знае да каже некоја смешка, но никогаш не рекла за себе дека е комичарка.

„Се знае дека комичарите се всушност многу тажни луѓе и всушност тоа е нивниот одбранбен механизам, хуморот. Откако се занимавам со моите „баби“ имам се помалку депресивни епизоди, бидејќи преку нив го најдов мојот „издувен“ вентил“, вели Мирна за jutarnji.hr.

Таа ќе каже дека постојано се инспирира од секојдневнието – од нејзиното момче Игор, од популарните ликови во средно, од политичарите, од црната комедија во Хрватска, едноставно, секаде има инспирација за епизодите.

Во интервјуто за jutarnji.hr, Мирна ќе каже дека е среќна за успехот на комичните „Бабушки“, бидејќи конечно нејзиното име се споменува јавно, а тоа да не е поврзано со нејзиниот татко, нешто што и се случувало целиот живот.

Покрај ова, таа обожава да пишува, а неодамна отвори и приватен блог наречен „Onaj dobar blog“, на кој таа секојдневно споделува интересни теми од секојдневието што ја допреле на било каков начин.

Доколку сте имале можност да го погледнете нејзиниот Инстаграм профил, веројатно сте забележале дека таа има исклучителен стил кој девојките го обожаваат.

Иако често можеме да ја видиме во тренди парчиња, таа на секоја комбинација и додава нешто свое, а впечатливата убавина е нешто со што дефинитивно дополнително освојува.

Извор: Jutarnji.hr

Фото: Instagram

Објавено:
19 јуни 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.244 пати