Линли Постон - блогерка која ќе ве инспирира како да изгледате на одмор

25 јуни 2018

Линли Постон е 26-годишна Американка чиј Инстаграм профил нема шанси да не ве привлече. Фотографиите се светли, сончеви, егзотични, па веднаш ве асоцираат на годишен одмор. Токму во тој контекст се и комбинациите кои Линли ги претставува.

 

Тие се совршена инспирација за тоа како можете да изгледате за време на одморот, но и генерално во летниот период. Стилот на Линли е тренди, но опуштен, па затоа веруваме дека многу дами ќе се пронајдат во комбинациите што ги прави.

Освен на Инстаграм, таа има и свој блог, „Gal about town“, кој го започнува во 2015 година. Она што е уште поинтересно е што сите парчиња што ги гледаме на нејзиниот блог и Инстаграм не чинат повеќе од 100 долари, а тоа била и целта -  да создаде место каде што ќе ја пренесе својата љубов кон модата, а воедно ќе биде инспирација за жените, но со работи пристапни за сечиј џеб.

 

Во описот вели дека е кантри девојка од јужен Тексас, која живее со шестгодишниот златен ретривер Ели. Не крие дека кон миленикот се однесува како мајка, а дури му направила и Инстаграм профил. 

Во продолжение погледнете дел од нејзините комбинации, кои веруваме ќе ви го привлечат вниманието:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.142 пати