Александра Переира е името на шпанската блогерка која е уште попозната по името „Lovely Pepa“. Токму тој назив го носи и блогот, како и веб страната за онлајн шопинг која ја основаше.

Инаку, таа ги започнала студиите по право, но животот ќе ја однесе во сосема друга насока. Во 2009 година го основа блогот и речиси од самиот старт го привлекува вниманието, а показател за тоа е и податокот дека уште тогаш имала по 1.000 посетители дневно.

Денес, на Инстаграм ја следат повеќе од милион и шестотини луѓе. На својот профил споделува дел од своите авантури низ Европа, како страствен љубител на модата, фотографијата и патувањата.

Токму тој интересен и егзотичен пристап ќе овозможат да стане вистинска интернет сензација во нејзината земја. Но, воедно ќе ѝ донесат соработка со познати модни и спортски брендови меѓу кои „Луј Витон“ и „Рибок“.

Стилот што го негува е лежерен, а слоевитото облекување особено ѝ е интересно, додека шапките се омилениот моден додаток. Нејзина инспирација се сестрите Олсен и Никол Ричи, па не изненадува и сличноста кај нивните стилови.

Шпанските медиуми истакнуваат дека посебно е омилена меѓу народот, бидејќи со својот пристап, прави луѓето да се чувствуваат добро.

Во 2016 година стапува во брак, а во моментов е на Бали каде преку социјалните мрежи ни ги пренесува нејзините доживувања.

Објавено:
29 јануари 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.254 пати