Луѓето не веруваа во „Прасенцето Пепа“

12 март 2019

„Прасенцето Пепа“ е еден од најпознатите цртани филмови од поново време. Создавачите, Невил Астли и Марк Бејкер велат дека во почетокот не се ни надевале на ваков успех.

Прасенцето Пепа е создадено во еден паб во Лондон. Инспирацијата ја имале од цртаните филмови од 1970-тите, како и од фактот дека децата сакаат приказни за животните. 

Иако денеска авторите направија империја вредна преку милијарда фунти, признаваат дека не биле сигурни дека ќе успеат, бидејќи луѓето сметале дека е досадна.

„Луѓето во пабот каде што го создававме цртанот ќе нè прашаа, „Што цртате?“. Ние ќе одговоревме: „Прасенце кое се вика Пепа и кое ќе биде нешто големо. Луѓето веднаш губеа интерес и ќе си заминеа“.

Но, реалноста стана друга. Денес, цртанот се емитува во 180 земји и е преведен на 40 јазици и постои веќе 15 годни.

„Направивме мал „трејлер“, но не стасавме никаде. Многу е тешко да ја продадеш сопствената креативна работа“, велат авторите.

Сепак, набрзо ќе ја најдат малечката Лили Сноуден Фајн, која ќе го позајми својот глас за Пепа. И без оглед на тоа што тогаш таа има само четири години и не знае да чита, таа ги повторувала репликите кои претходно ѝ ги кажувала мајка ѝ.

Кога нејзиното семејство ќе се пресели во Канада, нејзиното место ќе ѝ припадне на Сесили Блум, а потоа и на Харли Брд.

Авторите објаснуваат дека тајната во долгото траење на Пепа е во прикажувањето на едноставност, како и тоа, дека прасето никогаш не е предмет на шеги.

„Вложивме многу труд во тоа да направиме сè да изгледа што е можно поедноставно. Ние можеме да им се смееме на возрасните, но децата не сакаат кога возрасните им се смеат на децата во шоуто“.

Малата Брд, која го позајмува гласот на Пепа од третата сезона, освои и Бафта за улогата на само девет години. 

Првите епизоди се појавија во мај 2004 година. 

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
305 пати