Метју Бартола Колан – мистериозниот стилист на Брижит Макрон

6 октомври 2017

Ова веројатно е најнеобичното портфолио што досега сме го објавиле, за еден од најмистериозните ликови во модната индустрија.

Се работи за Метју Бартола Колан, човекот на чие место веројатно би сакале да се најдат многумина негови колеги.

 

J'peux pas, j'travaille! #workinghard #sunny #tournage #bronzer

A post shared by Mathieu Barthelat Colin (@mathieubarthelatcolin) onMar 30, 2017 at 5:59am PDT

 

Тој е задолжен за стилот на Брижит Макрон, ни малку лесна задача, со која очигледно одлично се справува, особено имајќи го предвид медиумското внимание и влијание.

Но, она што уште повеќе го привлекува вниманието е што никој никогаш не слушнал за него. Јавноста не го познава, ниту пак дизајнерите од брендовите чија облека носи Брижит.

Како и Мередит Куп, која се грижеше за стилот на Мишел Обама од 2009 до 2016 година, Метју го сака животот зад сцената. И двајцата за позициите биле избрани по направеното интервју.

Иако е присутен на социјалните мрежи, Бартола не остава премногу информации. Од Инстаграм профилот повеќе ќе дознаете како изгледа неговиот дом, отколку како изгледа неговото модно портфолио.

Сепак, познато е дека овој 34-годишен Французин бил задолжен за изгледот на двајца членови од жирито на француската верзија на „The Voice“. Но, телевизиските ангажмани не се тие што му го отвориле патот кон Елисејската палата.

Како пишува „Њујорк Тајмс“, Бартола ја препознал госпоѓата Макрон за време на една посета во театар минатата година и многу му се допаднала. Може да се рече и дека станал нејзин обожавател. Собрал храброст, пришол и ѝ се претставил. Повикот од Елисејската палата се случил бргу после тоа.

Стилот на Брижит Макрон отсекогаш се движел во насока на онаа познатата „Помалку е повеќе“. Ако судиме по нејзините јавни појавувања откако започна соработката со Колан, неговото влијание е суптилно, но истовремено и значајно.

Првата дама на Франција е лојална на Луј Витон, но во плакарот се наоѓаат и други парчиња од француските брендови меѓу кои „Балман“, „Диор“.

Неодамна се појави во парчиња од Александре Вотје, Стефани Ренома, како и кројачкиот мајстор Палас...

Подобрувањето на стилот го забележаа сите, а посебно модните стручњаци. Токму затоа, Бартола и Макрон продолжија со имплементирање на парчиња од млади и не толку познати дизајнерски имиња, секако од Франција.

„За непознат дизајнер како мене, прекрасно е да се биде во фокусот на вниманието. Но, во исто време не се работи за брендот само. Целта е многу поголема. Госпоѓата Макрон ја претставува жената на 21-виот век, пред сè од аспект наиинтелект. Тоа е новата генерација. Затоа тука е Метју. Неговата „служба“ е во насока на квалитет и стручност. Овој потег е многу поинтелигентен отколку да се најмеше било кој друг познат бренд или дизајнер. Тој е клучот“, вели францускиот дизајнер на накит Марк Оклер, чиј прстен неодамна носеше првата дама.

Тој исто така додава, дека еден ден би сакал да го запознае Метју Бартола, како и многумина други.

Објавено:
6 октомври 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
835 пати