Mоделот Јована Нешова на пат кон успешна интернационална кариера

26 март 2015

Јована Нешова не е ново име на нашата модна сцена. Нејзините почетоци датираат уште од пред 5 години, кога како тинејџерка ги доби првите ангажмани.

Низ годините го стекна искуството и го изгради своето портфолио за да си ги отвори вратите на интернационалната модна сцена.

„Од неодамна Јована стана дел од модната агенција Интер Моделс од Софија -Бугарија каде со нивна помош ќе работи во Азија“, изјави Алек Наумовски за Fashionel. Сопственичка на агенцијата е Ирина Папазова, додека букерката Радостина Иванова ќе биде одговорна за ангажманите на нашата Јована и нејзиното промовирање на интернационалната модна сцена.

Додека е посветена на своите студии по бизнис-логистика на Универзитетот „Гоце Делчев“, таа паралелно  соработува и со агенцијата Моделс ИН.

„Можеби реткоста и уникатноста кај Јована е во тоа што сите ангажмани ги прифаќа со голема одговорност и посветеност. Одличните пропорции и харизмата беа пресудни за да успее во нејзината приказна,но тука не застанува... со голем ентузијазам и решителност е спремна да докаже дека моделите од нашите простори не случајно успеваат“, додава Алек.

До сега сме имале можност да ја гледаме Јована на модната писта презентирајќи ги моделите на повеќе домашни дизајнери и модни куќи, но исто така била ангажирана и за голем број рекламни кампањи и едиторијали. Во продолжение погледнете дел од фотографиите од нејзиното портфолио.

 

Објавено:
26 март 2015
Категорија: 
Портфолио