Модна блогерка која го освојува Инстаграм

11 април 2017

Каролин Дауер е 21-годишна модна блогерка од Хамбург која преку Инстаграм го освојува светот. На оваа социјална мрежа таа веќе има еден милион следбеници, а претпоставувате во меѓувреме и одлично заработува благодарение на соработките со големи козметички и модни компании.

Од неодамна таа започна соработка и со козметичкиот бренд M.A.C и во рамките на истата создаде своја нијанса на кармин, а исто така едно од нејзините исклучително значајни соработки беше онаа со луксузниот двоец Долче и Габана, на чија ревија се појави неодамна помеѓу другите модни блогерки, деца на познати личности и манекенки.

Нејзиниот стил е непосреден, урбан, шармантен, карактерен и еклектичен, па со овој карактеристичен спој не е за изненадување што бројот на нејзини следбеници динамично се зголемува.

Ќе ја најдете на @carodaur.

 

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.486 пати