Модна новинарка чиј стил ќе ги инспирира сите што преферираат минимализам

18 април 2018

Дарја Бараник е руско-норвешка модна новинарка и уредничка која во текот на својата кариера во модната индустрија, го изострила своето стилско чувтсво до перфекција.

Таа е родена во Санкт Петербург, но уште како мала со своето семејство се преселила во Осло, а ја имала можноста уште во своето детство често да патува низ светот.

Новинарската професија во модната индустрија (работела за онлајн изданијата на Vogue.com, Harpersbazaar.com, Elle.com, Whowhatwear.com), како и честите патувања на различни дестинации, имале големо влијание во градењето на нејзиниот имиџ – што сега има јасна дефинирана естетика и се вика минимализам.

Доколку го разгледате нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележите дека таа има неверојатен осет во комбинирањето на „basic" со парчиња од актуелните тенденции, притоа секогаш оставајќи простор во нејзиниот аутфит за некој интересен и впечатлив детаљ, чевли, чанта или накит.

Интересно е тоа што таа успева формалниот стил да го претстави на забавен начин, внесувајќи одмерена доза на темперамент преку изборот на кроевите, силуетите или слоевитиот спој на парчињата.

Објавено:
18 април 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.026 пати