Нè инспирира стилот на данската блогерка @fundachristophersen

18 јуни 2018

Од сите доживувања што ни ги овозможува социјалната платформа Инстаграм, едно од омилените ни е потрагата по нови, инспиративни ликови, посебни од различни аспекти.

Така вниманието ни го привлече, а и ни го задржа, данската блогерка, PR експерт и консултант за ентериерно уредување, Фунда Кристоферсен @fundachristophersen.

Со речиси 54 илијади следбеници на Инстаграм таа станува се повлијателна во светот на социјалните медиуми, чиј имиџ особено го обожуваат оние што преферираат минимализам.

Ненаметлив, а и тоа каков впечатлив – се нашите први импресии за нејзиниот стил.

Девизата „помалку е повеќе" го добива своето вистински значење преку нејзиниот имиџ, во кој задолжително се застапени удобните, а истовремено шик обувки, едноставните бели маички, здолништата на преклоп со суптилен шлиц, џинсот и панталоните во широк крој.

Инспирација за вашите дневни комбинации ви посочуваме во галеријата во продолжение...

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
18 јуни 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
421 пати