Негин Мирсалеи – родена во Персија, но живее во Амстердам е блогерката која за многу кратко време успеа да се наметне на модната сцена.

Иако има мастер диплома за маркетин, во 2012 година открива дека блогерството е она со што сака да се занимава (а образованието само уште повеќе ѝ користи за таа цел).

После четири години, таа има преку 3.7 милиони следбеници на Инстаграм, а освои и неколку модни награди.

-Модата е мојата најголема страст и ми се допаѓа кога ги инспирирам моите обожаватели. После успехот на Инстаграм, одлучив дека е добро да го отворам и сајт, а тоа и го сторив - meginmirsalehi.com, каде можат да ја видат сета моја работа – објаснува блогерката за еден магазин.

Освен модните стајлинзи, таа ги споделува и нејзините ангажмани за козметички компании, како и четива поврзани со „лајфстајл“.

За тоа од што се инспирира при оформувањето на стајлинзите ќе каже дека секогаш е нешто различно во прашање – понекогаш се магазини, дневни навики, понекогаш убави фотографии, спомени или патувања.

-Мојот стил е женствен и елегантен, но има забавна и впечатлива нота. Секојдневно се трудам да бидам активна, а ниту еден мој ден не е ист – исполнет со состаноци, снимања, работа на блогот, патувања. Но, ужувам во секоја секунда! – потенцира Мирсалеи.

Нејзината модна икона е Оливија Палермо, за која ќе каже дека секогаш знае да ја изненади со изгледот.

Од повеќе медиуми е прогласена за една од највлијателните млади блогери, а уште на почетокот ја доби и наградата за „Најпросперитетен моден блог“.

Во галеријата погледнете ги и фотографиите и ќе сфатите зошто е тоа така. 

А нејзиниот профил видете го ОВДЕ.

Објавено:
13 февруари 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.196 пати