(Не)познати факти за Александар Ванг

15 ноември 2016

Александар Ванг е еден од најпознатите млади дизајнери. Со самото тоа што неговата мајка е дизајнерката Вера Ванг, тој со себе понесе голем багаж, со кој мораше да се избори. Во модната индустрија денес го оди својот пат, а во продолжение прочитајте неколку факти за него што можеби не сте ги знаеле:

- Пред да се запише на дизајн на Парсонс, работел во „Бернејс“ во одделот за чевли.

-После секое пробување на луѓето, ќе ги исчистев чевлите, но исто така морав да забележам кои обувки беа продадени и да ги пратам тие белешки кај претпоставениот. Пристапот до тие анализи беше фасцинантно за мене и многу важно за мојата едукација.

-Дајан фон Фурстенберг го сакала во својот тим. „Таа ми понуди работа во нејзиниот дизајнерски тим, после мојата прва лансирана сезона. Беше возбудливо, но јас тукушто направив огроно ветување и посветеност на моето семејство, и бевме заедно во сето тоа. Подоцна, кога ја добив CFDA Fashion Fund Award, таа стана мој ментор, си реков ете проблем. Но, секако, таа беше супер и имавме одлична соработка“.

-Танцувањето е неговиот спорт, така се одржува во форма.

-„Сакам да одам на места каде што не знам каде ќе завршам“, ќе каже во една пригода.

-Се забавува на свој начин. „Сакам да нарачам многу добра храна и да ја ставам во пластични садови, да седнам на под и да гледам ријалити телевизиски програми.

-Музиката е веројатно мојата најголема инспирација. Особено музичарите, нивната артистичност, што прават и како се претставуваат... тие си тераат по свое.

-Секој ден го чита својот хороскоп на DailyHoroscope.com

-Сака да се забавува. „ Забавувањето е работа на мозокот. Ако излезеш и си пиел, а притоа постојано мислиш „Ќе бидам многу мамурен утре“, токму тоа ќе биде работата што ќе те „уништи“. Но, ако мислиш: „Вечерва ќе пијам, утре ќе профункционирам“, тогаш ќе бидеш во ред.

-Опседнат е со негата на лице. „Кога се работи за нега на лице, вистинска дива сум. Користам многу плацента и многу работи што мирисаат како да не треба да ги ставите на лице – работи што навистина го горат лицето и што го прават навистина црвено. Но, следниот ден се будите и си велите: „Ок, изгледам фантастично“.“

-Неодамна беше именувам за извршен директор на неговата компанија. „Чувствувам како сега да е вистинското време за мене да бидам едуциран во сите аспекти на компанијата, па кога ќе го преземаме следниот чекор, ќе знаеме што бараме. Мора да ги разберете и да ги познавате и своите слабости и силни страни, за да можете да ги најдете вистинските луѓе“.

-Неговите финални „трчања“ не се воопшто едноставни. „За мене знае да биде навистина опасно, бидејќи ме преплавува адреналинот и секој пат кога трчам наназад е вистинска темница и секогаш си велам „Не сакам да го видам задниот ѕид“. Ова се случува и кога ги одржувам пробите со моделите за тоа како би изгледало шоуто на крај и тогаш сфаќам дека некогаш навистина трчам и го упропастувам ѕидот што всушност треба да биде беспрекорен, бидејќи тој е во центарот, а потоа продолжува пистата.“

-Наскоро се очекува резултатот од новата соработка со „Адидас“. „Првите примероци ќе излезат во јануари, но потоа се очекува потоа уште еден дел во февруари  и еден во март, како дел од сезона 1, а потоа ќе започнеме со претставувањата за сезона 2“.

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
366 пати