Новата генерација на влијателни модни ликови е на Инстаграм – Ерна Саљевиќ

7 август 2017

Инстаграм станува се посериозна платформа која ги диктира глобалните модни текови. Токму тука е и најприсутна новата генерација на влијателни модни ликови.

Фото: @divaisback

Меѓу нив, во регионот на Балканот, особено е забележителен стилот на Ерна Саљевиќ, модна блогерка која на Инстаграм ќе ја најдете потпишана како @divaisback.

Фото: @divaisback

За нејзиниот моден профил, пишува онлајн магазинот journal.hr во кој акцентот е ставен на нејзиниот уникатен стилски карактер и широката насмевка како заштитен знак.

Фото: @divaisback

Прв момент што ќе ви го привлече вниманието кај нејзиното стилско портфолио, е ноншалантниот избор на комбинации, ослободени од теретот на перфекцијата.

Фото: @divaisback

Лежерен, но истовремено елегантен и префинет, стилот на Ерна е инспирација за жените од регионот, но станува се попопуларна и на глобално ниво.

Фото: @divaisback

Оваа сезона фокусот во нејзиниот имиџ е ставен на плетените чанти, здолништата со карнери, црвената боја како и принтот во пруги.

Разлистајте го нејзиниот „Инста дневник" и ако веќе не сте, сигурно после разгледувањето на фотографиите ќе станете еден од нејзините следбеници.

Фото извор: @divaisback Инстаграм

 

Објавено:
7 август 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
548 пати