Новата ИТ девојка Иги Азалеа го „зарази“ светот со својот фенси стил!

20 август 2014

Веруваме дека досега сигурно сте ја слушнале нејзината ултра популарна песна Fancy со која таа го „зарази“ целиот свет!

24 – годишната австралијска раперка Аметист Амелиа Кели или попозната како Иги Азалеа, дефинитивно е новата кралица на стилот по кој полудеа многу девојки ширум светот.

Последното нешто од неа е одличниот дует со шармантната Рита Ора кој само за неколку денови на Јутјуб имаше повеќе од 10 милиони прегледи, а двете русокоси песната ќе ја изведат и во живо на годинешните МТВ Видео Музички Награди.

Покрај нејзините одлични хитови што со брзина на светлината се искачуваат на првите места на топ листите ширум светот, она за што оваа фенси девојка особено се радува е тоа што наскоро ќе почне да се прикажува и возобновената емисија на MTV, House of Style чиј домаќин ќе биде токму таа.

Она што е особено интересно кога говориме за нејзиниот стил и модата што обожува да ја практикува, е тоа што таа прави неверојатен баланс помеѓу комбинациите за на сцена и оние за на црвениот килим.

И додека при изведбата на нејзините популарни хитови таа обожува да се појавува во сосема тесни парчиња што ги истакнуваат нејзините облини, на црвениот килим таа е тотално нежна девојка во романтични парчиња.

Скоро секогаш, таа е вистинско олицетворение на класичен гламур и луксуз кога станува збор за изборот на црвениот килим. Помеѓу нејзините омилени дизајнери се и одличниот Ели Сааб, Џон Галијано и Александар Меквин во чии креации и најчесто се појавува.

Скоро секогаш, на сите комбинации што таа ги одбира става свој особен печат, како впечатливи чевли, длабок шлиц или пак некој моден додаток со принт, за што ќе каже и дека се нејзините омилени.

Покрај тоа што е особено успешна во нејзината музичка кариера, таа досега има соработувано и со неколку модни брендови како Левис и Revolve Clothing.

Во продолжение, погледнете некои од највпечатливите изданија на ИТ девојката за која дорва ќе се зборува!

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Портфолио