Оваа Французинка е новата Џејн Биркин

5 април 2017

Младата 20-годишна француска манекенка Луиз Фолаин, неодоливо потсетува на култната модна икона и муза Џејн Биркин.

Луиз го поседува оној ретро париски шик во однос на стилот, но и уникатна харизма благодарение на која е се поинтересна за светските модни брендови. Особено е популарна и на Инстаграм со околу 25 000 следбеници, а не ретко на оваа социјална мрежа може да се сретнат нејзини фотографии со хаштаг Џејн Биркин.

Американското издание на магазинот Вог не пропушти да направи интересно интервју со неа во кое меѓу другото, таа кажува дека ја импонира тоа што ја споредуваат со влијателната модна муза.
Исто така во интервјуто ќе каже дека нејзини омилени модни икони и се Кејт Мос и Алекса Чанк, а и дека го обожува комплетниот стил од серијата „Friends".

Листајќи ги нејзините фотографии, ќе забележите дека приватно го преферира лежерниот стил и природниот изглед.

 

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
499 пати