Прекрасна двојка со стил како од француски љубовен филм!

17 октомври 2016

Вистинската љубов никогаш не изгледала толку добро!

Вака некако модната библија Вог ја започнува приказната за прекрасната двојка Елеонора и Роман кои се буквално излезени како од некој совршен љубовен филм со среќен крај.

На речиси сите фотографии што манекенката ги објавува на нејзиниот профил, тие изгледаат неверојатно добро благодарение на одличниот стил што го имаат и очигледната љубов помеѓу нив двајца.

Тие се запознале на најфранцускиот можен начин, односно на една забава организирана од Карин Ројтфилд пред повеќе од една година.

Оттогаш, нивната љубов се движела само по нагорна линија, а стилот само придонесе тие да се најдат на страниците на магазинот Вог.

Каде и да се појават, тие изгледаат како воопшто да не се грижат за тоа што го носат, а сепак речиси секаде изгледаат како од некој француски филм.

Прекрасната манекенка за магазинот открива што тие сакаат да носат и како ги одбираат совршените комбинации поради кои секогаш се толку впечатливи и толку кул.

Таа ќе каже и дека покрај вистинските комбинации, она што ќе ве направи вистински кул француска двојка е вистинскиот и впечатлив став.

Основни парчиња за дневно дружење

„Некако како да не размислуваме кога се облекуваме за дневните дружења. Роман секогаш носи работи што му се како униформа за преку ден. Всушност, секогаш сме облечени во едноставни парчиња во кои сакаме да се чувствуваме удобно, особено кога сме во Париз бидејќи сакаме да се шетаме секаде“.

Вечерни излегувања без светки

„Роман не прави голема разлика од дневните до ноќните парчиња, освен кога одиме на некоја фенси забава. Но, на модната недела секогаш сака да се дотера. За разлика од него, јас сакам малку да ги зачинам комбинациите кога ќе излезам навечер, сепак јас сум девојче. Има некои парчиња кои ми се омилени како црниот комбинезон кој сакам да го украсам со малку накит, потпетици и став“, вели манекенката.

Средени за во бар на пијачка

„Кога ќе се одлучиме да одиме на пијачка, сакам да сум малку повеќе дотерана. Тоа значи убава кошулка и добри чевли, ништо посебно, но сепак со некој посебен допир“, вели Елеонора. 

Објавено:
17 октомври 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.081 пати