Ричард Аведон: Мајстор на портретите

19 октомври 2015

Ако пребарувате добри модни фотографи, името на Ричард Аведон или како многумина го нарекуваа The eye of Fashion, несомнено ќе ви се појави помеѓу првите. На почетокот на овој месец се одбележаа 11 години од неговата смрт, што и нè наведе да се потсетиме на она што тој го остави зад себе.

Дизајнерот Кристијан Диор, кој го создаде „Новиот изглед“ и уличниот фотограф Ричард Аведон се мошне различни, но кога ја формираа креативната соработка, резултатите беа неверојатни и влијателни.

Уредникот на американското издание на Harper’s Bazaar, Кармен Сноу го запозна Ричард со Диор, непосредно после отворањето на модната куќа во 1946 година. И покрај тоа што Аведон беше модернист кој ужива во фотографирањето на скапа облека на улиците, сосема се вклопи во носталгичната романтика на Диор.

Ричард Аведон за Диор

Всушност, Аведон почнува да работи за овој магазин во 1944 година, што му помогна неговиот талент и фотографски сензибилитет да бидат надалеку препознаени, а токму во годината кога се запознава со познатиот дизајнер кој е уредник на фотографија во магазинот.

Истата година, го отвора своето студио и почнува да прави фотографии и за други магазини како Vogue и Life.

Но, Аведон не беше „класичен“ фотограф, кој ќе си совлада стандардните техники за студиски фотографии, кој ќе ги намести моделите без ронка емоција, за да изгледаат сосема индиферентно. Напротив, тој стана препознатлив по емоциите што ги предизвикуваше кај моделите и ги пренесуваше на фотографија. Насмевките, гласното смеење, како и сетовите надвор од студио за тоа време беа навистина револуционерни.

Но, кон крајот на 1950-тите, станува презаситен од дневните сетови и фотографиите на дневно светло, па се осврнува на студиска фотографија, користејќи и студиско осветлување.

Кога Дијана Вриланд во 1962 година го напушти Harper’s Bazaar и премина во Vogue, Аведон ѝ се приклучи. Во периодот од 1973 година речиси сите насловни страни на магазинот се негово дело, па сè до 1988 година, кога Ана Винтур станува главен уредник на списанието.

Во неговото богато портфолио се и соработката со Џани Версаче за кампањата за пролет-лето 1980, кампањата на Келвин Клајн за фармерки со Брук Шилдс. Но, Аведон а беше и режисер за телевизиските реклами со актерката и моделка.  Во 1974 година беше првин рекламата за Colgate, потоа рекламата за Версаче, па дури 12 насловни страни за американското издание на Vogue, како и кампањата на Revlons за Најнезаборавните жени. Едноставно, тој уживаше да соработува со неа, а чувството било обострано.

-Кога Дик ќе влезе во просторијата, ги забавува луѓето. Но, кога работи, тој е мошне креативен, чувствителен. Не сака ничие туѓо присуство или разговор. Во такви моменти се создава фузија, па или ја разбирате или не. Или ќе ја почувствувате или не – изјави во една пригода Шилдс за магазинот Interview.

Меѓу бројните модни фотографии, мора да се спомене дека Ричард Аведон фотографираше и пациенти од ментални болести, движењето на човекови права во 1963 година, протестите за војната во Виетнам, како и паѓањето на Берлинскиот ѕид.

Во текот на својата кариера објави и неколку книги, меѓу кои и Nothing Personal од 1964 година, во која зборува лично, а која исто така содржи и текст од неговиот другар од средно училиште Џејмс Болдвин.

И „Битлси“ се најдоа пред неговиот објектив. Аведон направи два големи сета со нив, а во 1967 година излезе првиот нивен голем рок постер.

Ричард секогаш бил заинтересиран за тоа како портретот ја изразува личноста и душата на личноста. Неговите потрети се познати по минималистичкиот стил, белата позадина и по тоа што субјектот гледа директно во камерата, сепак со измамена емоција. Тоа го правел поставувајќи им прашања на непријатни теми или философски прашања.

Како што неговото име стануваше попознато, така во студиото се редеа познати личности. Пред неговиот објектив застанале Бастер Китон, Мерилин Мондро, Енди Ворхол, Мариан Андерсон, Чикаго Севен...

Аведон со Мерилин Монро

Во 1982 година, повторно создава серија рекламни фотографии за Диор.

Тој станува и првиот фотограф за The New Yorker во 1992 година, а токму за овој весник се објавуваат и дотогаш необјавени фотографии на Морилин Монро, кои беа предмет на големи дискусии исто како и фотографиите на Кристофер Рив и голите фотографии од Шарлиз Терон од 2004 година.

Во продолжение погледнете дел од работата на овој врвен фотограф кој почина токму во 2004 година, на 81-годишна возраст.

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
153 пати