Салем Индриас – модна блогерка што го заслужува вашето внимание

30 јануари 2017

На листата на наши омилени блогерки се наоѓа и Салем Индриас. Родена е во Еритреј, а живее во Шведска, а со комбинациите што ги презентира на својот моден блог е вистинска инспирација.

Инаку, блогот го отвора во 2015 година, а со својот моден вкус и талент, многу бргу станува забележана од светските модни медиуми. Веќе се најде на страниците на италијанското и американско издание на „Вог“, како и британскиот „Ел“, потоа „Хрперс Базар“...

Истата година победува во натпреварот „IT Girls“.

Тоа многу ѝ помага да се пробие на светско ниво, па за неполна година на манифестацијата „Zalando Nordic Style Icon Awards“ станува номинирана за најдобра нова блогерка.

Оттука пак, започнуваат соработки со бројни познати брендови меѓу кои и „Редкен“, „Мејбилајн“ и други.

На спортската облека ѝ дава шик изглед, комбинирајќи ја со впечатливи парчиња. Љубител на капути, интензивни бои и интересни модни додатоци што со задоволтво ги вклучува во комбинациите.

Кога на сето тоа ќе ја додадете нејзината природна убавина и кадрава коса, таа е појава која навистина не можете да не ја забележите. Како некој што редовно ги посетува модните недели, честопати се најде и во изборот на магазините за најдобри стајлинзи од уличната мода.

На својот блог вели дека со начинот на облекување и на тоа како се одвиваат работите во нејзиниот живот ќе ги инспирира своите читатели и ќе им даде до знаење дека сè е можно, ако се сака.

Освен на својот блог, таа е активна и на Интаграм, како и на Фејсбук и Твитер.

Во продолжение ви презентираме дел од нејзините комбинации, што веруваме и вас ќе ве инспирираат.

извор: http://salem.colin.se/#

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.164 пати