Иако во текот на есента сите обожаваме комбинации во претежно земјени тонови, нема ништо поубаво од целосно белите стајлинзи кои секогаш говорат за префинетост и елеганција.

Токму на вакви комбинации наидовме на неверојатниот блог на германската блогерка Сара Кунз која на Инстаграм ќе ја најдете под името @mrs.seytschlife.

Токму таму, таа секојдневно објавува фасцинантни стајлинзи во кои вметнува тренди парчиња, но само оние кои се во палетата на белите нијанси.

Иако кај неа ќе видите супер тренди и шик парчиња, со самото тоа што се во светли нијанси истите се безвременски и вистински класици што секоја дама треба да ги има во својот плакар.

Можеби ќе кажете дека овие нијанси не ви прилегаат и секогаш сакате да одите на сигурни, потемни нијанси барем кога е студената сезона во прашање, верувајте дека ќе се вљубите кога ќе пробате барем едно парче.

Ваквите комбинации секогаш внесуваат позитивна енергија во денот, а и вие ќе зрачите со изборот на светли парчиња.

Конкретно, оваа девојка ваквите комбинации ги истакнува со детали во животински принт и накит во златни или сребрени нијанси, како и со чанти и чевли во претежно неутрални бои.

Кај неа секогаш ќе најдете некое ултра популарно парче од хит бренд во моментот, но истото таа го носи на сосема поинаков, уникатен начин поради што и за кратко време стана омилена во светот на блогерките.

Стилскиот израз на оваа шармантна блогерка е навистина неодолив, а кај неа инспирација ќе најдете и со изборот на плетива како ултимативно парче за студената сезона што е пред нас.

Објавено:
27 септември 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
737 пати