Помеѓу бројните руски манекенки што дефинитивно владеат во светот, 23 – годишната Саша Лус е девојката која се издвојува од сите останати.

Со нејзината неприкосновена природна убавина и силен карактер, таа секогаш привлекува внимание каде и да се појави.

Покрај тоа што е супер успешна и постојано е ангажирана за кампањите и ревии на некои од најголемите дизајнерски куќи на денешницата, таа е сосема обична и скромна девојка која ужива во животот на едноставен начин.

Иако на ревиите можеме да ја видиме во гламурозни комбинации и секогаш беспрекорна шминка и фризура, она што вистински плени е нејзиниот street style во кој се „заљубени“ сите фотографи. 

Уредниците на модната библија Вог за нејзините комбинации ќе кажат дека се „тотално кул и речиси секогаш безгрижни, со потребната доза на свеж воздух во секоја од нив“.

Во нејзините секојдневни комбинации таа задолжително внесува рок чизмички, тренди ниски чевли, кожени јакни, џинс, волуменозни џемпери и капути, но и по некое тотално стилско фустанче што само таа знае како да го носи.

Без разлика што и да одбере, она што е посебно кај неа е тоа што прави секоја комбинација да изгледа толку лесно и шик во секој момент.

Токму тој безгрижен шик што таа го негува кога станува збор за нејзиниот стил е она што секоја девојка сака да го постигне, но малкумина успеваат во тоа.

Без воопшто да се труди, Саша Лус за многу кратко време стана street style икона од која сите девојки црпат постојана инспирација.

По сѐ изгледа дека тоа им оди од рака на сите Русинки бидејќи денеска тие важат за едни од најстилските дами во светот.

Како и секоја девојка што доаѓа од Русија, Саша кариерата ја започнала како балерина, но по сериозна повреда на зглобот, морала да престане со она што најмногу ја правело среќна.

На 13 години, нејзината мајка ја однела во една модна агенција каде веднаш потпишале договор. Откако на 14 години се појавила на руската модна недела, нејзината кариера започнала да се движи по нагорна линија, па така веднаш почнала со ангажмани низ Европа и Њујорк.

Денеска, таа е една од најпознатите манекенки со постојани ангажмани, а моментално е рангирана во 50 – те најдобри модели во светот.

Во галеријата погоре, погледнете некои од нејзините најдобри стајлинзи и дел од ангажманите кои се навистина импресивни.

Објавено:
23 март 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
3.307 пати