Скандинавката Селин Агард е креативен директор и основач на брендот Envelope1976, а воедно и стилист, фотографка и автор на дури три книги.

Фото: Envelope

Благодарение на нејзиниот блог HippyHippyMilkshake и познатиот татко кој долги години работел како фотограф, таа станува зависна од модата и обожава да се занимава со креативни и уметнички работи.

Во нејзината досегашна кариера, таа има соработувано со познати брендови како Калвин Клајн, Томи Хилфигер, Барбери и многу други.

Во интервју за Elle.rs, таа говори за тоа како го основала брендот, колку било тешко да се успее и во неколку зборови го опишува нејзиниот личен стил.

„Поминав разни фази во текот на мојата кариера и за ништо не жалам, но морам да додадам дека не сум горда на секој мој избор. Се обидов во речиси секој стил, буквално сè што можев. Но, отсекогаш бев заинтересирана за самиот дизајн и креирањето на облеката. Бев фасцинирана од винтиџ парчињата уште како дете. Имам завидна колекција винтиџ парчиња од кои постојано црпам инспирација“, вели Селин.

Што се однесува до нејзиниот бренд, таа ќе каже дека дизајнот е поврзан со естетиката на 70 – тите во комбинација со модерен, минималистички израз користејќи природна палета на бои, вегански бои и рециклирани материјали.

Таа ќе каже дека е навистина тешко да се направи и „консумира“ гардероба која не ја загрозува животната средина 100 проценти, но секогаш можеме да се трудиме да најдеме други извори и максимално да го намалиме влијанието врз природата.

Извор: Elle.rs

Фото: Instagram

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
818 пати