Доколку сте зависник од „Hunger Games“ како и поголемиот дел од светот, а сакате и по неколку пати да си го погледнете „Пиратите од Карибите“, тогаш сигурно сте го забележале ова неодоливо и шармантно момче – Сем Клафлин.

Тимот на „The Guardian“, го најми токму него за да ни ги презентира најголемите трендови за оваа есен, а сосема очекувано, тој изгледа неверојатно секси!

Ние го избравме за наше омилено момче оваа есен, а вие можете да уживате во едиторијалот и уште неколку бонус фотографии што ги одбравме само за вас.

Инаку, Сем Клафлин е роден на 27 – ми јуни во Ипсвич, Велика Британија, а како актер најголемата слава ја стекна со улогата на Филип во „Пиратите од Карибите“.

Да не заборавиме да споменеме, во 2013 – тата, тој се ожени со неговата избраничка, британската актерка Лора Хадок, а оттогаш важат за една од нај стилските холивудски двојки.

 

Објавено:
26 октомври 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
387 пати