Оваа француска убавица на социјалната мрежа Инстаграм има повеќе од 20 илјади следбеници, а со оглед на нејзината убавина и славната сестра, тоа воопшто не треба да нѐ чуди.
Мери Енџи Каста за кратко време стана омилена меѓу дизајнерите и познатите модни куќи и уредници кои ја препознаа нејзината манекенка убавина па почнаа постојано да ја ангажираат за нивните проекти.
Она што последно го направи сестрата на познатата Летиција Каста е едиторијалот за беспрекорните чанти на брендот Клое и тоа нивниот нов модел кој девојките го обожаваат.
Оваа 26 годишна актерка и манекенка неверојатно потсетува на нејзината сестра Летиција која изминатите години имаше навистина успешна кариера и важеше за една од најубавите девојки од Франција.
Многумина од модната индустрија ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа, а ја нарекуваат и новата француска ИТ девојка со блескава иднина пред себе.
Мери Енџи досега се има појавено во неколку француски филмови, има договор со познатата модна агенција ИМГ, а студирала и моден дизајн во Париз.
Во едно интервју открива дека им се восхитува на силните и одлучни жени, каква што и таа сака да биде, а секогаш кога ќе посака мир и тишина сака да „побегне“ во семејната куќа на Корзика.
Таа може да послужи и како неисцрпна инспирација за совршени комбинации судејќи според нејзиниот Инстаграм профил каде објавува фотографии на кои секогаш изгледа одлично.
Нејзиниот стил може да се опише како исклучително женствен и модерен, украсен со францускиот шик кој е присутен во сите комбинации.
Во галеријата погледнете неколку комбинации на оваа девојка за која допрва ќе слушаме.