Шармантен машки модел што го освојува светот!

25 февруари 2016

Доколку имавте можност да ги погледнете фотографиите од последната ревија на Канје Вест, тогаш сигурно го забележавте ова младо и шармантно момче со бројни пеги по телото.

Токму Ралф Саутфрант, во моментов е еден од најбараните модели токму поради неговиот исклучително уникатен изглед и позитивна енергија со која зрачи, пишува modamo.info.

Неговата кариера започнала пред повеќе од една година, а бројот на ангажмани поради бројните обожаватели и позитивните коментари на социјалните мрежи постојано растел.

Во продолжение, неколку интересни факти за ова навистина интересно момче.

1.Ралф има 21 година и студира стоматологија.

2.Тој живее во Бруклин и уште од рана возраст се заљубил во фитнесот.

3.Арон Тејлор го открил кога имал 13 години, му станал ментор, а откако минатата година му отворил профил на социјалната мрежа Инстаграм, понудите не престанувале.

4.Иако во раните детски години имал проблеми со изгледот и често се шегувале со него, денеска, токму изгледот му помогна да стане еден од најбараните во модната индустрија.

5.Ралф беше дел од ревијата на Канје Вест, а токму тоа утро потпишал и договор со светски позната модна агенција.

Објавено:
25 февруари 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.214 пати