Српска модна блогерка меѓу највлијателните светски трендсетери

16 мај 2017

Тамара Калиниќ е 28 годишна модна блогерка од Србија која важи за една од највлијателните модни трендсетерки.

Следејќи ги своите соништа, се преселила со постојана адреса во Англија каде студирала фармација, а во меѓувреме се посветила на својата пасија – модното блогирање, што на почеток било само хоби. Но, како модното блогирање се повеќе го „преокупирало" нејзиното време, така сфатила дека оваа нејзина пасија заслужува да биде многу повеќе од хоби. Денес, модното блогирање е нејзина професија.

Јавноста ја препознава по нејзиниот ултра популарен блог Glam&Glitter, а на Инстаграм има речиси половина милион следбеници.

Најпознатите модни магазини се разбира веднаш ја забележале, па до сега има остварено бројни соработки со Vogue, Marie Claire, InStyle, Elle, Glamour, Grazia и други.

За време на модните недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, секогаш има резервирано место помеѓу гостите и за неа, со што од прва рака ги објавува најсвежите тенденции на нејзиниот блог.

Листата на соработници во нејзиното портфолио е фантастична: Кензо, Сваровски, Клое, Вера Ванг, Марк Џејкобс и уште бројни други значајни имиња во модниот бизнис.

 

Објавено:
16 мај 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.734 пати