Српска модна блогерка со скандинавски стил

28 мај 2019

Катарина Петровиќ е популарна модна блогерка по потекло од Србија, но долги години живее во Осло, што имало големо влијание врз моделирањето на нејзинот индвидуален стил.

Скандинавскиот минимализам е клучен сегмент на нејзиниот имиџ и токму таа растеретена естетика го дефинира нејзиниот моден профил.

Го има основано модниот блог „A style journey" чија примарна идеја е да ги инспирира жените секогаш да патуваат со стил, во елегантен, едноставен и ненападен фазон. А токму така може да се карактеризира и нејзинот стил.

„Во ова современо живеење, времето е побрзо од нас, а сите постојано сме во движење. Затоа, сакаме се да ни биде брзо и лесно достапно, а истовремено сакаме да изгледаме прстојно, постојано...", вели блогерката во прилог на нејзиниот функционален, а елегантен имиџ.

Ако го разгледате нејзиниот блог или профил на Инстаграм, ќе забележите дека не експериментира многу со боите и во основа е лојална на неутралниот колорит. Земјените тонови, сивата, белата и црната се нејзините фаворти, што може да се примети по нејзините комбинации. Но, на сметка на суптилните нијанси, Катарина преферира да експериментира со кроевите, па ја користи секоја прилика во својот имиџ да имплементира парче со неконвенцонална линија.

За девојките кои обожуваат минимален, а впечатлив изглед, веруваме дека ќе се инспирираат.

 

Објавено:
28 мај 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.717 пати