Во 2015 – тата година прекрасната Стела Максвел стана дел од големото „Викторија Сикрет“ семејство и за многу кратко време нејзината кариера тргна во нагорна линија.

„Семејството на Викторија Сикрет стана голем дел од мојот живот и многу сум среќна што претставувам ваков бренд. Тие имаат толку добри работи. Едноставно оставам работите да течат и тоа ми се допаѓа“, изјави тогаш манекенката.

Денеска таа е една од најпопуларните манекенки и можеме да ја видиме на речиси секоја ревија на познатите светски дизајнери, заедно со нејзините пријателки Кендал Џенер и Џиџи и Бела Хадид.

Она по што многумина ја познаваат е нејзината природна убавина споредена со онаа на Брижит Бардо и Софија Лорен, која и донесе голем број на ангажмани во едиторијали и разни реклами.

Како што самата ќе каже, многу сака да патува и воопшто нема проблем со постојаните ангажмани на различни страни низ светот, бидејќи нејзиниот татко бил дипломат и морале постојано да се селат.

Што се однесува до нејзиниот стил, во времето кога не работи, прекрасната Стела речиси секогаш одбира едноставни, но секси стајлинзи како комбинација од фармерки во светла нијанса и секси маички со кожени јакни.

Таа е позната по кусите маички кои ги обожава, бомбер јакните, чокер ланчињата, кожените панталони, но и по секси фустаните во кои изгледа неверојатно добро.

Голем број од светските брендови ја препознаа нејзината убавина, а денеска меѓу другите, таа е амбасадор на една од најголемите компании за шминка Макс Фактор.

Оттаму ќе кажат дека самодовербата, уникатноста и посебната енергија на 26 – годишната манекенка се работите што биле пресудни во изборот.

Медиумите постојано пишуваат и за нејзината врска со познатата актерка Кристен Стјуарт, за која таа ќе каже дека воопшто не сака да коментира.

Последно, таа се појави на фантастичната ревија на Томи Хилфигер во една од највпечатливите комбинации, а беше дел и од многу ревии на њујоршката модна недела.

 

Објавено:
22 февруари 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.318 пати