Во текот на летото девојките речиси секогаш сакаат да одберат некоја удобна комбинација која истовремено е удобна, но и стилска.

Доколку сезонава ви треба инспирација за летни, минималистички комбинации, тогаш британската блогерка Џесика Скај е инспирација за секој ден.

Оваа шармантна девојка постојано објавува супер фотографии на кои можеме да ја видиме во комбинации совршени за лето, претежно направени со парчиња од популарните high street брендови.

Речиси секогаш, овие комбинации таа ги надополнува со модни додатоци од луксузните брендови како Прада, Луј Витон, Клое и други.

Што се однесува до боите, оваа девојка секогаш одбира претежно неутрални бои, па така можеме да ја видиме во едноставни црно – бели комбинации, сиви или кафени женски костими, џинс со едноставна бела маичка, но и парчиња со животински принт за посебни пригоди.

На сите комбинации таа им додава нејзин печат, па така во последно време изгледа прекрасно со впечатливите венчиња кои се вистински хит летово, но и со плетените торби кои се чини ги обожува.

Погледнете го Инстаграм профилот на оваа прекрасна девојка и инспирирајте се за летни минималистички комбинации!  

Инфо: Elle.hr

Фото: Instagram 

Објавено:
9 јули 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.073 пати