Тетоважите говорат за нејзиниот идентитет – модната блогерка која живее надвор од конвенционалното

18 декември 2019

Во свет на унифицираност, истакнувањето на сопствениот идентитет е секогаш на цена.

Уште поконкретно, во светот на модните блогерки, единствен начин долгорочно да се задржи вниманието и респектот, е да се остане доследен на себе и да се оддолее на униформираноста.

Школски пример за тоа како треба да се третира (а притоа добро да се заработува од) сопствениот изграден имиџ, е неконвенционалната модна блогерка Сами Џефкот.

По своето потекло е пола Британка пола Италијанка, веќе неколку години успешно функционира како модна и блогерка за убавина, а исто толку е популарна и на YouTube како влогер.

Посебна е гледано од секој аспект. Особено тетоважите се нејзина лична, препознатлива карактеристика што ја одвојува од стандардот, па особено е интересна како лик за оние кои се пронаоѓаат во нејзинот стил.

Bo едно интервју ќе каже дека социјалните медиуми имале позитивен импакт во нејзиниот живот, особено поради тоа што таа го искористила нивниот потенцијал за сопствен бизнис, што во нејзиниот случај се покажа како одличен потег што ја донесе во светот на светски популарните модни блогерки.

Имајќи го предвид нејзинот изглед, што и да облече на себе, добива некоја посебна, уникатна нота. А ако го анализирате нејзиниот стил, ќе забележите дека особено обожува црни, кожени парчња, марами за глава и многу накит.

На Инстаграм ќе ја најдете како @sammijefcoate.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
18 декември 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
543 пати