Тилан Блундо – моделот што ќе ги замени Џиџи и Кендал

4 октомври 2016

Светските модни медиуми типуваат дека следниот млад, а голем и популарен модел ќе биде 15-годишната Тилан Блундо.

На модните инсајдери таа им е добро позната, бидејќи уште на 4-годишна возраст беше дел од ревија на Жан Пол Готје. Две години подоцна се најде и на насловната страна на „Vogue Enfants“.

Тилан со мајка си

Беше дел и од едно издание на „Vogue Paris“ во 2011 година која предизвика контроверзи, а еве неколку години подоцна, склучува договор со „IMG Models“ и „L’Oreal “.

Своето деби на црвениот килим го имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал.

Во продолжение прочитајте уште неколку интересни факти за девојката чија модна кариера ќе се развие вртоглаво брзо!

-На 13-годишна возраст ја добива својата прва голема насловна страна и тоа за магазинот „Jalouse“ во 2014 година.

 

-Поддршка за нејзината модна кариера јавно ѝ даде и Наталија Водијанова преку видео порака.

 

-IMG Model агенција, под чија закрила е сега, е матичната агенција и на Карли Клос и Џиџи Хадид.

 

-Благодарение на „L’Oreal“ чие е најново заштитно лице, ја имаше и сета поддршка во Кан.

 

-Веќе два пати е  видена во првите редови на ревиите на „Шанел“ , носи маичка „Karl is my father“, роденденската торта ѝ е „Шанел“, па нема да нѐ изненади доколку биде новата муза на Лагерфелд.

 

-Има селфи со Оливие Рустенг!

 

-Веќе соработуваше на изработката на своја линија, која се продава во „Eleven Paris“.

 

-Има своја фото-сесија и во „Vogue Teen“.

 

-Има преку 580 илјади следбеници на Инстаграм!

На овој список набргу ќе се додаде и информацијата за нејзината прва голема модна соработка, сигурни сме!

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.564 пати