Тој е најубавиот маж на светот!

28 март 2017

Популарноста на ова момче се зголеми во последните неколку месеци, откако беше објавено дека шпанскиот убавец Џон Кортахарена ќе и се придружи на Пријанка Чопра како дел од серијата Квантико.

Во серијата тој ќе го толкува ликот на Феликс Кордова, привлечен асистент на лицето задолжено за односи со јавност во Белата куќа.

За многумина тој е дефинитивно најубавиот маж на светот, а како модел досега многупати го достигнал врвот во кариерата како дел од бројни едиторијали и насловни на магазини.

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за ова прекрасно момче кое можеби не сте ги знаеле.

Работел со најголемиот дел од познатите имиња во модната индустрија...

Откако дебитираше на пистата во 2004 – тата година како модел за Армани, Кортахарена со неверојатна брзина стана еден од најпопуларните модели во светот. Сите брендови го сакаа за заштитно лице, а така и беше. Можевме да го видиме во кампањи за Том Форд, Булгари, Гес, Балман и уште многу други. Тој е омилениот машки модел на најголемиот дел од светски познатите дизајнери, а тоа воопшто и не треба да не чуди.

Неговиот стил е неверојатен!

Машките модели дефинитивно не се интересни колку што се женските кога станува збор за уличната мода, но Џон дефинитивно е исклучок. Тој изгледа подеднакво добро и во едноставни фармерки и бела маичка, а исто толку добро и во црн костим. Кога на сето тоа ќе го додадете неговиот шарм, имате полн погодок!

Никој нема подобар Инстаграм од него

Со оглед на тоа дека важи за најубавиот маж на светот и воедно еден од најпопуларните, воопшто не е чудно што на неговиот профил ќе најдете голем број фотографии со познати. Ќе го видите на забава со Рики Мартин, во друштво на Адриана Лима и Пенелопе Круз, но и на прошетки со стилските колешки како Џиџи Хадид, Емили Ратајковски и многу други.

Имаше мала улога во деби филмот на Том Форд „A Single Man“

Џон е заштитно лице на Том Форд веќе долги години и воопшто не треба да нѐ чуди што доби улога во неговиот прв филм. Џон ја толкуваше улогата на Карлос, деликвент кој сака да го привлече вниманието на еден професор кој во филмот го игра Колин Фирт.

Џон не е само убаво лице...

Веќе неколку години наназад тој постојано се занимава со хуманитарна работа, особено со деца и климатски промени во Латинска Америка.

Ја обожава Мадона!

Веќе знаеме колку Мадона ги цени машките модели кои постојано ги гледаме во нејзините видео записи, а токму Џон се појавува во неколку од нив. Тој неколку пати играл на бината за време на нејзините концерти во Барселона, кога поп кралицата беше на шпанска турнеја.

Квантико не е првата серија во која тој ќе се појави...

Сосема нормално, Џон досега се има појавено во неколку шпански серии, меѓу кои и La Verdad. Наскоро ќе го гледаме во светски популарната Квантико и тоа во втората сезона ,премиерно на 17ти април која се емитува на Еј Би Си .

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.062 пати