Изминативе неколку години на светската модна сцена се појавија модели кои за многу кратко време направија интернационална кариера и секојдневно инспирираат со одличните комбинации и тренди парчиња.

Кога некоја од нив ќе облече некое парче од конкретен бренд, тогаш тој бренд и тоа парче инстантно стануваат хит.

Последно беше случај со белото палто од украинскиот бренд Flow the Label на двете сестри Вероника Вез и Викторија Баланук кое таа го носеше на едно интервју.

Фото: Вог

Сите парчиња што сестрите ги изработуваат се направени од природни материјали, а и самите ќе забележите дека кроевите се неверојатно женствени и романтични.

Тие прават неверојатно добри модели кои се микс од ретро инспирација, актуелни трендови, нежни бои и хит модни додатоци.

Дел од нивната нова колекција се романтични тантелни здолништа и широки фустани украсени со впечатливи копчиња во предниот дел, потоа широки палта и долги мантили, женски костими истакнати со корсети, лежерни маички и панталони со висок струк.

Како што младите дизајнерки ќе кажат, нивната цел е да ја истакнат женственоста и да ѝ дадат уште поголема улога денеска, кога модната индустрија е фокусирана на андрогеност, претерано експериментирање и ставање на тронот на чудни трендови кои се невозможни во реалноста.

Тие креираат избалансирани парчиња кои одговараат на потребите на современата жена – совршени се за разни пригоди, а истовремено неверојатно удобни и толку прекрасни.

Нивните парчиња можете да ги погледнете онлајн, а некои од највпечатливите гледате во галеријата погоре.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
622 пати