Ултимативна елеганција – Сопственичката на „Moda Operandi“ беспрекорно владее со стилот

8 ноември 2019

Ако треба да посочиме конкретна форма како „беспрекорност" се преведува во стил, тогаш тоа би бил беспрекорниот имиџ на основачката и сопственичка на луксузната онлајн продавница „Moda Operandi", Лорен Санто Доминго.

За неа, нејзиното семејно потекло, статусот во елитното американско општество и за нејзиниот бизнис, сме пишувале многупати, но овојпат се осврнуваме на она што е есенцијата на нејзиниот личен идентитет – стилот.

Со оглед на тоа дека ужива висок статус во модниот свет, таа може да си го дозволи буквално секој луксуз. Но, без познавање на модата и изградена естетска перцепција, поседувањето на луксузни и брендирани парчиња не значи ништо. Но, кај Лорен луксузот добива најпрефинета форма.

Нејзиниот стил е олицетворение на ултимативна елеганција, во која модните следбеници препознаваат вистинско совршенство.

На нејзиниот профил на Инстаграм може „од прва рака" да го следите раскошот во нејзиниот моден свет, каде најчесто ќе ја видите во елегантни вечерни тоалети или пак еклектични урбани парчиња.

 

Објавено:
8 ноември 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
398 пати