И...победникот е Хана Бет! Вчеравечер се случи долго очекуваното финале на втората сезона на шоуто на Дајан фон Фурстенберг во која за апсолутен победник беше прогласена слатката 27 – годишна девојка Хана Бет.

Таа остана до самиот крај да се бори за титулата амбасадор на брендот заедно со другите две девојки Али и Кет, од кои се чини, таа беше најсреќна.

Финалето на сезоната беше навистина интересно и очекувано напнато, кога дизајнерката Фурстенберг најпрво ја повика Хана Бет во нејзината канцеларија кога таа мислеше и дека ќе и биде речено дека го напушта шоуто.

Тогаш се случи можеби и еден од најинтересните моменти, кога таа беше запрашана дали правела пластична операција на усните, на што таа одговори негативно. Првата девојка што си замина од шоуто беше Али, по што борбата остана помеѓу Хана и Кет.

Можеби очекувано беше победникот да биде Кет, според она како дизајнерката се постави кон девојките вчеравечер, но како што и самата ќе каже, „на крајот победи девојката за која не очекував дека ќе победи“.

Она со што Хана Бет остави впечаток во сите епизоди од шоуто беше нејзината посветеност и искреност, за разлика од преголемата амбиција и постојана желба за докажување на нејзината колешка од шоуто – Кет.

Иако нејзиниот стил е малку поинаков од она на што сме навикнати да ги гледаме Дајан фон Фурстенберг девојките, сепак Хана Бет дефинитивно се издвојува од сите останати.

Таа е неверојатен обожавател на модните додатоци, па речиси секогаш можеме да ја видиме со уникатни очила за сонце, марами, големи шапки, интересни чевли, додатоци за коса и што уште не.

Уште од самиот старт, оваа девојка дефинитивно беше таа што најмногу се издвојуваше од останатите во шоуто на дизајнерката, а со нејзините идеи и супер реализации на проектите, сите посакуваа таа да биде новиот глобален амбасадор на брендот и да ја замени Британи Хемптон од минатата година.

Хана Бет беше позната и пред да се појави во шоуто по турбулентната врска и раскинувањето со ѕвездата на серијата „Leftovers“, Крис Зилка, со кого постојано беше присутна по таблоидите.

Ние денеска издвоивме неколку фотографии од нејзините впечатливи комбинации, во исчекување на нови од глобалниот амбасадор на ДВФ.

Објавено:
2 ноември 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.616 пати