Запознајте го Петар Костовски – првенец во пинг понг и успешен модел

9 април 2019

Во последно време во модниот свет сè повеќе спортисти потпишуваат договор за соработка со некој моден бренд, а се чини трендот дојде и кај нас.

Нашиот државен првак во пинг понг Петар Костовски неодамна стана дел од модната агенција Моделс Ин, а со тоа му се отворија и вратите за успешни соработки.

Инаку, првиот медал тој го освоил кога имал само осум години, а години подоцна бил прогласен и за државен првак во натпреварот за сениори.

Тој ќе каже дека постојано вложува во себе и го одржува телото со редовно вежбање и здрава исхрана, а секако тука се и напорните тренинзи и подготовки за бројните натпревари.

„Би сакале многу повеќе модели да бидат посветени и истрајни како Петар. Кога некој е во одлична форма и притоа супер изгледа, нас ни е предизвик да работиме и да постигнеме заеднички успех во работата. Во моментов, во тек се неговите подготовки за светското првенство во Будимпешта, по што ќе се посвети на модните ангажмани што му следуваат“, вели модниот агент Алек Наумовски од матичната агенција на Петар.

Погледнете како изгледа ова младо момче за кое успесите во спортот и светот на модата се загарантирани.

Објавено:
9 април 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
938 пати