Запознајте ја омилената дизајнерка на Шерон Стоун

24 ноември 2015

Изминативе денови Интернетот беше преплавен со Џенифер Лопез и белиот фустан од дизајнерка, за која ретко кој слушнал. Истата таа дизајнерка ја ословуваат и како една од омилените на филмската дива Шерон Стоун.

Мелиса Џиновиќ е 31-годишна жена, чија приказна не почнува со тоа како од мала сакала да стане дизајнер.

Родена е во Галиќ, Бихаќ, а на балканската јавност ѝ стана позната по стапувањето на 33 години постариот сопруг, пејачот Харис Џиновиќ.

Студирала англиски јазик и ориенталистика, а сè што сакала е да се омажи за маж кој ќе може да ѝ овозможи сè, да биде сопруга и мајка. Во модниот свет почнува сосема случајно и тоа прво како хоби.

-Отсекогаш сакав да имам семејство и успешен сопруг што ќе се грижи за сè. Зборувам странски јазици, што денес во работата многу ми користи. Многу рано знаев што сакам и не планирав кариера. Сакам да се држам до работите за кои сметам дека се суштина – изјави пред неколку години Мелина.

Во меѓувреме, завршува маркетинг на приватен универзитет во Белград и се впушта во модниот свет. Со малку среќа и талент, таа хобито го претвора во работа, односно во брендот „Хамел“.

Сепак, сè уште не се смета за модна дизајнерка.

-Некои се прашуваат дали тоа е лажно претставување или несигурност, недостаток на самодоверба... Не е ништо од тоа, само сум реална. Не сакам да се споредувам со модните креатори, не сакам да ги навредам луѓето кои студирале, учеле, се усовршувале и техниката ја имаат во мал прст. Јас сум личност на која ова ѝ се случи случајно, која тоа го сака и ете, има некое чувство и талент.

Приказната за модата почнала да ја сфаќа сè посериозно, особено после повикот што ѝ го сменил животот. Повик со кој нејзин клиент станува Шерон Стоун.

-Откако ја спуштив слушалката, ми беше потребен ладен туш за да се освестам. Таа едноставно ми кажа дека ги погледнала сите модели и почна да набројува кои би сакала да се направат за неа – објаснува дизајнерката.

Имено, менаџерот на холивудската актерка, Клиф Лофтин се нашол на ревијата на Мелина во Мајами минатата година. Набргу после тоа Шерон нноси нејзина креација, а истата набргу се продава на хуманитарна вечерва. После следеле и други соработки со Стоун со што креациите на Џиновиќ стануваат предмет на коментирање на светски магазини.

-Сосема сум фасцинирана со тоа што влегов во една холивудска приказна. Откако ме повика Шерон, два дена подоцна се видовме. Ѝ ги однесов специјално направените фустани за неа и еве уште соработуваме. Моите фустани ѝ стојат совршени. Таа жена е фасцинантна, прекрасна. Толку позната, а всушност многу скромна. Навистина сум пресреќна за оваа соработка. Никогаш не планирав со моделите да се пробијам на светско ниво, ниту пак сонував дека тоа е можно. Но, ете, се случи. Ова го работам веќе шест години и навистина сум посветена, а еве мојот труд и љубов се исплатија – објасни дизајнерката за српските медиуми неодамна.

Нејзините фустани се прошетаа во Кан и Милано, а со Џенифер Лопез и снимањето на „Американски идол“ во Лос Анџелес, веројатно ќе ѝ се отворат и многу други порти.

Во Белград го отворила првото ателје, односно show room, бидејќи тоа е концепт што ја привлекува. Но, потоа почнала моделите да ги продава во Париз, а се трудела цената да биде пристапна.

-Тоа е пријатен простор каде има многу облека, каде жената може да биде опуштена и да испробува колку што сака, да испие пијалак, размисли, да побара промена на моделот што повеќе би одговарала на нејзиното тело. Ми одговара тој индивидуален пристап, кога сте отворени за сите, нема закажување на посети, имате простор посветен само на клиентите и продавачката која е секогаш услужна. Цените се движат од 200 до 600 евра. Денес сè е премногу скапо, куповната моќ е катастрофална, а сепак, би сакала секоја жена да може себе да си дозволи фустан, бидејќи сè работам рачно – вели Мелина.

Од материјали најзастапен е жерсеј, но користи и кашмир, кого го набавува во Истанбул. Свилата ја купува од Милано, а тантелата и уште некои други ткаенини во Париз.

Во почетокот на октомври Мелина присуствувала на неколку ревии за време на Париската модна недела. За тоа како изгледа да се биде дел од таков моден настан и како изгледа францускиот џет-сет вели:

-Не сум голем купувач, какви што инаку се канат на такви ревии. Интересно е да се види, но изгледа јас сум преголем реалист и не ми е тоа толку забавно. Во тој свет, нив им е досадно и не можам да кажам дека гламурот ме фасцинира. Сè функционира одлично и професионално, па така додека ја гледав ревијата на Џон Галијано, се чувствував феноменално. Тоа е уметност која сметам дека никогаш нема да ја достигнам. Знам каде ми е местото и никогаш не би се „тепала“ за тоа – потенцира дизајнерката.

Објавено:
24 ноември 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
4.868 пати