Запознајте се со бугарскиот бренд By Far чии дизајни ги носат Кејти Пери и Мишел Обама

5 септември 2019

Две сестри, близначки - Валентина Безуханова и Сабина Ѓошева, со нивната најдобра пријателка Деница Бумбарова, од Бугарија, пред три години одлучуваат да основаат бренд за чанти и чевли кој го носи името By Far

Неочeкувано, но бугарскиот бренд неверојатно брзо успева да се лансира на светско ниво.

Уште пред „Фенди“ да ја лансира малата чанта „Baugette“,овие три девојки претставуваат сличен модел, во кој бргу ќе ве вљубат светски познати личности, а меѓу првите Кендал Џенер и Бела Хадид.

Бела Хадид го носи моделот чанти „Ambar“

Кендал Џенер е верен фан на моделот „„RACHEL bag“

 

Тоа е сосема доволно, за мрежата на клиенти да се рашири, па на неодамнешната венчавка на пејачката Ели Гоулдинг, Кејти Пери носеше мини чанта, токму од брендот. На листата на нивни клиенти ги има и Елса Хоск, Мишел Обама, Глен Клос, Ракел Велч, Софија Ричи...

И Зои Кравиц е на листата клиенти

Пријанка Чопра носи MINI Black Croco Bag

И Кајли Џенер поседува една чанта од бугарскиот бренд

Флоренс Велч носи чизми од By Far (ESTE boots)

Софија Ричи носи „RACHEL bag“

Причината поради која го основаат брендот е недостатокот на висококвалитетни чевли, кои не би биле прескапи, а потоа истите сакале да ги усогласат со чанти со безвременски изглед. Инспирацијата начелно ја црпат од 90-тите. 

Чевлите се движат од 300 до 450 евра, додека чантите во зависност од кожата од која се изработуваат можат да достигнат цена и до 900 евра. 

Сестрите Вилијамс носат чевли и чанти од брендот

Мишел Обама носи чизми од By Far (Nikki boots)

Кетрин Зета Џонс го носи моделот чанти „CROSSOVER bag“

 

Како пишува на нивната официјална фесјбук страна, производите се изработуваат во мал рачно во семеен погон во Бугарија, додека пак материјалите се набавуваат во Италија. 

Моделот „Rachel“ е речиси распродаден на службената страна, како и мини чантата која беше и избор на Пери.

Кејти Пери со „The MINI Bag“ од брендот

Следниот модел на кој типуваат дека ќе биде вистински хит се чизмите до глужд, „Sofia“.

Погледнете:

Фелисити Џонс со „MINI Bag“

Лејтон Мистер носи сандали со потпис на By Far

Каролин Дуро со „MINI Bag“

Гвинет Палтроу носи „Magnolia“ сандали од брендот

Елса Хоск со MINI bag

Пријанка носи чевли од By Far, модел „KAREN“

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine) onSep 1, 2019 at 2:40pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by laura e. gabriele (@lauraegabriele) onMay 31, 2019 at 6:54am PDT

 фото извор: facebook.com/pg/byfar.official; 

Објавено:
5 септември 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.383 пати