Запознајте го новиот Аладин

18 јули 2017

На „Дизни“ му тргна со „оживувањето“ на цртаните филмови, па сега во фокусот на јавноста е остварувањето за Аладин.

Она што досега е познато е дека Вил Смит ќе биде новиот Дух, во улогата на принцезата Јасмин ќе биде младата Наоми Скот, а режијата ќе биде на Гај Ричи.

фото извор: comicbookmovie.com

Долго време се шпекулираше кој ќе ја толкува главната улога, а во тој контекст се споменуваше и Дев Пател, но исто така, постоеја гласини дека тимот се соочува со голем проблем да го најде вистинскиот Аладин.

Сега и тој „проблем“ е решен и откриено е името на актерот што ќе се најде во оваа улога.

Неговото име е Мена Масоуд.

Роден е н а 17-ти септември 1992 година во Египет, но детството го поминува во Канада, каде и денес живее.

„Навистина сум благодарен и почестен од можноста да помогнам при донесувањето на оваа магична приказна уште еднаш. Да се фатиме за работа!“, напиша Масоуд на социјалните мрежи.

фото:ew.com

Инаку, својата кариера ја започнува во 2011 година во тинејџерската серија „Никита“, односно јавноста тогаш го забележува. После тоа следат сериите „Open Heart“, Saving Hope“, каде го толкува ликот Џаред, во кого и делумно се препознава поради културолошките разлики, за кои ќе каже дека само му помогнале да создаде поширок видик.

„Не можам да прифатам улоги што ме ограничуваат да бидам Афроамериканец, дури и ако тие улоги се како создаени за мене и интригантни“, ќе изјави во една пригода.

Претстојниот ангажман за „Дизни“ веројатно ќе биде најзначаен за неговата понатамошна кариера, а кога е ова остварување во прашање, не крие дека Робин Вилијамс како Духот во оригиналната верзија врз него имало големо влијание.

Без разлика што и не е толку популарен, меѓу тинејџерките е добро познат, а неговиот Инстаграм имплицира на тоа дека тимот на „Дизни“ не згреши што го одбра.

Со совршената фигура и блескавата насмевка, тој има голем потенцијал да биде следото големо машко актерско име. Но, секако ќе видиме како ќе се покаже и на дело во „Аладин“.

 

 

All the feels.

A post shared by Mena Massoud (@menamassey) onApr 22, 2017 at 5:17pm PDT

 

 

 

 

 

Discover a way to make whatever it is that brings you happiness your own. #riding #horse #bliss

A post shared by Mena Massoud (@menamassey) onApr 27, 2016 at 12:03pm PDT

 

 

 

Best day in LA so far. Nature heals the soul. #joshuatree #nature #beauty

A post shared by Mena Massoud (@menamassey) onFeb 21, 2016 at 6:39pm PST

 

 

 

Објавено:
18 јули 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
225 пати