Талентираната 18 – годишна девојка од Шведска за многу кратко време стана супер популарна благодарение на нејзината одлична песна „Never Forget You“ која долго време беше хит број еден во САД.

Блескавата музичка кариера на Зара Ларсон започна кога на 10 годишна возраст таа победи на шведското музичко натпреварување Got Talent, по што дојдоа и големите хитови кои денеска имаат огромен број прегледи на Youtube.

„Се чувствувам како да сум направила сѐ и сега почнувам одново да го правам истото. Мојата мајка еднаш ме праша дали очекував да сум толку позната на 18 години, а јас и одговорив дека искрено очекував многу повеќе“, вели самоуверено младата пејачка во едно интервју. 

Таа ќе додаде дека е многу среќна за сѐ што и се случува, но ќе каже и дека не е ниту блиску до она што сака да биде. 

„Јас не доаѓам од музичко семејство или нешто слично. Мојата мајка е медицинска сестра, а мојот татко работи во војската. Но, морам да кажам дека многу ми годи вниманието, уште кога бев мала знаев дека сакам да бидам пејачка. Сакав луѓето постојано да гледаат во мене“, вели Зара. 

Токму тоа и го постигна со огромниот хит Never Forget You во соработка со талентираниот музичар од Лондон MNEK, за кого ќе каже дека едноставно го обожава. 

Зборувајќи за нејзината најголема инспирација и со кого сака да оствари соработка во блиска иднина, таа ќе каже: 

„Бијонсе! Таа е совршен пакет... Знае да игра, има харизма, таа е уникатна. Таа во себе има толку работи што дури за мене е и нечовечко“, вели Зара во едно интервју. 

Што се однесува до нејзиниот стил, како што ќе каже самата, таа обожува да експериментира што и можеме да забележиме на нејзиниот Инстаграм профил и во музичките видеа. 

Погоре во галеријата погледнете некои од највпечатливите стајлинзи на оваа девојка за која многумина ќе кажат дека ја чека сериозна музичка кариера.

Објавено:
2 јуни 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
734 пати