Добро утро! Сабота е и веруваме дека повеќето од вас се дома. Доколку немате итна потреба, почитувајте ги препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство.

Сепак, доколку сте од оние што денес се на работа или секако имаат потреба да излезат, за денес одбравме лежерна комбинација.

Денешниот стајлинг е составен од маслинесто зелени панталони со ластик во долниот дел на ногавицата, кои се искомбинирани со плетена блуза.

Патики и чанта за преку рамо се модните додатоци кои ќе ви пружат практичност и удобност. Доколку возите велосипед, можете да ги завршите обврските така, без да се возите во автобуси или да се мешате меѓу многу луѓе.

Чувајте се и имајте убав викенд.

Објавено:
14 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
833 пати