Работната недела ја стартуваме во минималистички аутфит во кој е нагласена женственоста и елеганцијата.

Одбравме тренди парчиња комплетирани во една софистицирана целина.

Црна ролка е „must have" за овој период од годината, па во овој случај е комбинирана со црни панталони со висок струк.

Комбинацијата е надополнета со црни чизми до глужд, сив капут и елегантна чанта.

На овој аутфит може да додадете и накит, како во случајот суптилни обетки и ланче.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
20 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.072 пати