Денеска ширум светот се прославува Меѓународниот ден на жената, па по тој повод блеснете во полн сјај каде и да се појавите. Бидете вистинска дама на вашето работно место, а комбинацијата искористете ја и за забавите после работа. Денеска носиме елегантно плетено црвено фустанче и го комбинираме со уникатно и впечатливо палто со интересен принт. Бидејќи денеска времето се чини дека нема да биде во наша полза, комбинацијата без двоумење надополнете ја со овие високи црни чизми со црвена потпетица. Чантата е во малку потемна нијанса, но совршено се вклопува со сите останати парчиња.

Честит празник!  

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
492 пати