Денеска е последниот петок од оваа 2016 – та година, па веруваме дека ќе го поминете најдобро што можете. За сите дружења и прослави со колегите и сите други пријатели, денеска одберете прекрасно впечатливо фустанче во црна нијанса со бели цветови по површината и интересни ракави. Стоплете се со ова елегантно и едноставно капутче кое е супер пријател на секој фустан, а секако комбинацијата истакнете ја со овие женствени чизми над колената и мини чантичка совршена за секоја празнична прилика. Што се однесува до модните додатоци, денеска единствено носиме зимска црна шапка и неодолив црвен кармин како една од нашите омилени нијанси.

Останете во добро расположение и уживајте во последниот најубав петок од годината!  

Објавено:
30 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
704 пати