Деновиве ќе се обидеме да се вратиме во нормала по Новогодишната ноќ, а тоа секако значи враќање во полн сјај и стил. Денеска носиме класични фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со топло бело џемперче со розови цветови. Стоплете се со оваа тренди парка јакна во зелена боја и најтоплите чизмички на светот во кафена нијанса. Секако, она без што во текот на зимата не смеете да излезете од дома е топлата плетена капа со крзно, а комбинацијата надополнете ја со ова крзнено ранче во боја на чизмите.

Уживајте во денот и празниците! 

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
612 пати