Денеска носиме супер есенска комбинација која е толку шик! Од вашиот плакар одберете ја омилената бохо кошулка и комбинирајте ја со boyfriend фармерки во светла нијанса. Чизмичките денеска се до глужд и во една од нијансите на кошулката. Бидејќи утрата знаат да бидат навистина студени, не заборавајте го и вашето омилено палто во впечатлива, зелена боја. Од накит единствено носиме темно црвена масивна алка, а усните секако, повторно се црвени!

Објавено:
1 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.469 пати