Со оглед на тоа дека за повеќето од вас, сабота е ден за релаксација, забава, љубов, ние за денес ви подготвивме една романтична, бохо комбинација во која несомнено ќе се чувствувате убаво.

Романтичен, лелеав кус фустан со нежен принт е она главното што ви е потребно. Ние го комбиниравме со чизмички до глужд со реси во светлокафена боја и ги комбиниравме со чанта во слична нијанса.

Косата може да ви биде пуштена, или пак собрана со плетенки, изборот е ваш. Она што ние го предлагаме е на комбинацијата да ѝ додадете бохо венче. 

Изборот на кармин исто така го оставаме на вас. Доколку сте љубител на нежниот изглед, тогаш и карминот нека биде во таква нијанса, а доколку сакате да се истакнете повеќе, тогаш темноцрвениот одлично ќе соодветствува.

Комбинацијата завршете ја со кусо широко капутче, куса јакна или соодветна пелерина.

И секако, понесете го доброто расположение со себе.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
27 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
491 пати