Најсреќниот ден од неделата започнете го во удобни boyfriend фармерки комбинирани со топла ролка во бела нијанса и долг џемпер во бохо стил. Принтот на џемперот е доволен сам по себе, па денеска не ни треба многу накит и други додатоци, единствено неопходните. Носиме шапка во темно црвена боја, чизми со интересна потпетица и мала чантичка во иста нијанса.

Уживајте во среќната среда!

Објавено:
25 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.219 пати