Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со малку повисоки температури и веќе знаете што тоа значи. Дотерајте се и блеснете овој четврток со што ќе му се спротивставите на облачното време. Денеска носиме широки црни панталони и ги комбинираме со бело нежно џемперче со црни пруги. Бидејќи времето денеска се чини дека ќе ни излезе во пресрет, барем кога температурите се во прашање, без двоумење облечете ја омилената кожена јакна на која долго чекавте. Чизмите се црни и на висока потпетица до над глуждовите, а чантата едноставна, црна и кожена. Украсете ја комбинацијата со оваа зимска шапка со која ќе бидете постилски од кога и да е.

 

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
655 пати