Претпоследниот ден од работната недела поминете го во оваа интересна и стилска комбинација составена од неколку впечатливи парчиња.

Денеска носиме прекрасно црно фустанче со долги ракави и бели точки и го комбинираме со рамни црни чевли и чантичка во иста нијанса.

За шапки никогаш не е лошо време, па така денеска комбинацијата украсете ја со ова супер парче и уживајте во сончевиот ден.

Објавено:
13 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
580 пати